Силјановска: Ако Заев победи на еднопартиските избори…

Професорката Гордана Силјановска на Фејсбук го коментира инсистирањето на лидеррот на СДСМ, Зоран Заев за најбрзо можни избори на 21 јуни.

„Истражувачкиот дух на несудениот нобеловец, г-динот Зоран Заев, не мирува. Тој се обидува да докаже дека е можно од ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, со партиска мотка да скокне(ме) на РАНИ ИЗБОРИ!

РИЗИЧНИОТ ЕКСПЕРИМЕНТ ќе го тестира за време на Рамазан Бајрам и Св. „ Кирил и Методиј“, кога, по 58 часовен карантин, ќе треба да направиме КВАНТЕН СКОК во КАФАНА!

Очекувам во јуни, од ПОЛИЦИСКИ ЧАС да НЕ ВТУРНАТ НА ГЛАСАЊЕ, кое ќе го мониторира „непартискиот“ ЦИВИЛ, жртвувајќи се за „ ФУНКЦИОНАЛНА ДЕМОКРАТИЈА во „МК. СКОПЈЕ“!

Ако победи на еднопартиските „ИЗБОРИ“, г-дин Заев ќе добие НОБЕЛОВА НАГРАДА за КВАНТЕН СКОК ВО 1994, па дури и во 1949“ – пишува Силјановска инаку носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1.

ЗАЕВИСТИЧКИ „ КВАНТЕН СКОК“Истражувачкиот дух на несудениот нобеловец, г-динот Зоран Заев, не мирува. Тој се обидува…

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Wednesday, May 20, 2020
SHARE