Силјановска бара ревизија на сите вработувања на синови, ќерки и роднини на власта

Професорката Гордана Силјановска Давкова која е кандидат за претседател на иницијатива на група интелектуалци кој бара поддршка од конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ бара од Народниот правобранител да започне постапка на ревизија на вработувањата на сите синови, ќерки, сестри, роднини на државни функционери кои последниве месеци беа вработени во државни институции и јавни претпријатија.

“Апелирам Народниот правобранител да покрене постапка за утврдување на прекршување на едно од основните права на граѓаните, правото на еднаквост при остварување на правото на работа.

Стотици можеби илјадници луѓе се жртви на партиски инжинеринг во кој од процесот на пристап до вработување се елиминирани луѓе со високи квалитети.

Високо едуцирани кандидати, вредни, искусни експерти, студенти, магистри, доктори на науки со највисоки оценки станаа жртви на системот за да се вработат блиски роднини на актуелни политичари во врвот на партиите и власта.

Наспроти студенти со просек 10 во јавните претпријатија се вработуваат луѓе за кои воопшто не дознавме какви квалификации поседуваат.

Не очекувам оваа власт да го спречи непотизмот на своите највисоки претставници.

Но верувам дека Омбдусманот може по споредба на процедурите при вработување на децата и роднините на политичарите да започне ревизија на оваа дискриминација со која ќе биде исправена неправдата.

Без обезбедување еднаквост за сите свесно се туркаат младите луѓе надвор и се зголемува недовербата на граѓаните кон владеење на правото и принципот на еднаквост кој е еден од темелите на нашиот уставен поредок”, пишува на својот Фејсбук профил професорката Силјановска која го цитира членот 9 од уставот на Македонија:

II. ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ

1. Граѓански и политички слободи и права
Член 9

        Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.
        Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

SHARE

4 Коментари

  1. Интересно, Силјановска како да се подготвува за кандидат за министер за правда, а не за Претседател на Република Македонија!
    Или е сепак за претсдетаел на Северџанија, знае некој?

    Еве на пример што оние познати под име “Жолти Елеци“ имаат како барање до Макарон и неговите, има повеќе сфери ама мене ми е интересна ова под име геополитика!

    ГЕОПОЛИТИКА:
    1. Излегување од НАТО и забрана на употребата на француската армија во агресивни војни.
    2. Отфрлање на политиките на ограбувања, воено-политичко мешање во Африка. Да им се вратат на африканските народи онаа што нивните диктатори нечесно го ограбија. Враќање на француските трупи. Елиминирање на колонијалниот систем кој африканските земји ги принудува да ги држат своите златни резерви во централната банка на Франција додека самите живеат во мизерија.
    3. Да се разговара со нив како со рамноправни.
    4. Да се спречи прилив на мигранти за чие прифаќање и интеграција Франција нема ресурси.
    5. Во надворешната политика да се почитува меѓународното право и потпишаните договори.

    …ако има интерес може и за другите сфери да се сподели…

  2. -златните резерви кои се чуваат во Франција засекогаш остануваат во Франција исто како оние 260 милјарди што беа ограбени од Либија, да живее демократијата, па кој не би и се радувал на демократијата кога ти дозволува да си ограбуваш кого сакаш и кога сакаш, а????;
    -под 3 се мисли враќање на француските трупи во Франција;
    -инаку за оние кои не следат Франција е една од главните фаци во агресијата на Сирија инаку нивна поранешна колонија;
    – и еден моментум, вест објавена во почетокот на 2015 дека Франција само за една година од своите поранешни колониии во Африка наплатува неоколонијален данок во износ од 500 милијарди долари (или евра не се сеќавам)…

Comments are closed.