Силјановска до одбојкарите: Вие сте доказ што е најважно за победа

Професорката Гордана Силјановска со порака до одбојкарите кои вечерва неочекувано ја победија Словенија на нејзин терен на Европското првенство.

“Браво Македонија, браво момци!
Ви честитам. Испишувате историја. Вие сте доказ дека храброста и срцето се најважни, дека секогаш победуваат”, им порача Силјановска на одбојкарите.