Силјановска до Попетревски за идентитетот: Ајде Васко стани Раско

Во своето гостување во емисијата “360 Степени ” на ТВ Алсат, проф. Силјаноска Давкова изјави дека Преспанскиот Договор има голем недостаток затоа што граѓаните не го поддржаа на референдум, а со пропаднат референдум ниедна власт нема основа да го менува Уставот.

“Премиерот Заев после неуспешниот референдум, доколку беше демократ, требаше да си поднесе оставка“, порача Силјановска.

На исистирањето на новинарот Васко Попетревски дека после носењето на Преспанскиот Договор сепак ништо многу не се сменило за државата, народот и земјата и дека никому ништо не фали и ништо не е сменето, професорката Силјаноска Давкова му одговори: “Не е точно Васко, ајде еве сменете вие една буква од Вашето име и наместо Васко, бидете Раско“! Новинарот немаше коментар.

Доколку ми биде дадена довербата да бидам Претседател на државата, јас никогаш нема да употребам име Република Северна Македонија, полицијата може да ги мести таблите со новото име, но јас тоа наметнато име ќе го игнорирам, рече професорката Силјаноска Давкова.

-Доколку станам Претседател ќе отворам иницијатива за Уставот, бидејќи со ваков Устав како држава немаме функционална демократија, да се подобри балансот на начелото на поделба на власта, за да не биде власта концентрирана само во Премиерот. Како жена Претседател ќе иницирам правична и соодветна застепеност по родова линија, за повеќе жени во јавниот сектор. Ќе побарам и поголема надлежност за Уставниот Суд. Ќе побарам скратување на привилегиите на Претседателот после истекот на мандатот и ќе побарам скратување на бројот на министерствата во организацијата на владата. Ќе поканам и македонски и странски конституционалисти да дадат придонес во суштинско подобрување на уставот, истакна Силјановска во извонредно интересната емисија која можете да ја проследите на овој линк

SHARE

15 Коментари

  1. Гуска глупава. Што врска има географската одредница Северна на името на државата Македонија со промена на буква во името на Васко? Дали е исто некој на Васко да му се обраќа со Раско, со тоа што наместо Република Македонија, во документи и на табли на граница ќе пишува Република Северна Македонија? Дали гускава мисли дека човекот со име Васко и државава со име Република Македонија ИСТО ќе го доживуваат иметнувањето во Раско и Република Северна Македонија? Дали гускава мисли дека човекот и државата ИСТО ЌЕ РЕАГИРААТ на промена на име? Сака да каже дека на Република Македонија ќе и` биде тешко ако ја запишат како Република Северна Македонија, ИСТО како што на Васко ќе му биде тешко ако го нарекуваат Раско? Г У С К А !!!

    • Ајде измисли некоја друга навреда, а не само “Г У С К А” , па “Г У С К А” , па “Г У С К А”. Тоа вие цел репертоар навреди во Бихачка. Секој може за твојот Стево да го навреди “Гусан”, посебно од како тој бараше МАНУ да се преименува бидејќи “таму членуваат 9 Албанци”!?? Во Француската Академија има 11 нефарнцузи па никој не помислува да ја преименува во “Национална”. Но Стево заборави главниот аргумент: Франција не потпиша договорот од типот “Преспански”.

      • АКО НА СИТЕ ИНСТИТУЦИИ СМЕНИМЕ ИМЕТО ВО “Национална”, НА КОЈА НАЦИЈА СЕ ОВА “Национална” ОДНЕСУВА??? А ПРИ ТОА НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, СПОРЕД ДОГОВОРОТ, ДА СЕ КОРИСТИ “МАКЕДОНСКА”, БЕЗ ПРЕД-ДОДАВКАТА СЕВЕРНА! Одг.: “Национална” не се однесува на ниту една нација!

      • Зоран, дали ја прочита книгата „Методија Андонов-Ченто“ од Ристе Бунтески-Бунте, каде Ченто самиот кажува за разговорот со Тито на островот Вис?

  2. Јас не сум Игор Јанев, но знам нешто за него бидејќи уредувам Википедија. Името „Igor Janev” е ставено во забранет филтер на Англиската Википедија (EN.Wiki) односно тие ставиле филтер, така да никој на американската Википедија не може ниту да дискутира за него, ниту да прави статии или чланаци те. зборот „Igor Janev” е третиран таму како пцуење (забранет збор). На Википедија ова се вика „Банован” или едноставно кажано ЗАБРАНЕТ (со филтер кој автоматски не дозволува измената или текстот да биде сочуван ако содржи забранет збор, во случај: Igor Janev).
    Ова се е битно, бидејќи и Македонија беше БАНОВАНА, па имаше референцата БЈРМ во ООН, а и сега е под „БАН” врз основа на Преспанскиот договор! Имено со депонирањето на Преспанскиот, сами се согласивме да имаме БАН во целата меѓународната заедница! Одвоеното „Македонија” за нас не е дозволено како ID без придавката “Северна”!!!
    “Северна” е дел од ID во системот на ОН. На друга страна Грција нема никаков БАН.
    Така случајот со БАНОВАН Игор Јанев на Англиската Википедија , делумно наликува со БАН за Македонија! Идентитетот Македонија е во системот на ОН резервиран само за Грците. За Македонците важи БАН и можат само да го користат “Северна Македонија” за сите идентитетски операции, но НЕ и ID “Македонија” издвоено!!!
    Но во случајот со Игор Јанев тој беше казнет од Англиската Википедија со БАН за прекумерното рекламирање, а одвоените зборови “Игор” или “Јанев” се како такви дозволени, но не и заедно “Игор Јанев” (филтерот распознава и веднаш брише оваа комбинација или забранува да се сочува “Save”.).

  3. Еден, оваа “гускава” сите копилиња северџански ги прави мајмуни и некако ми се чини дека со наближување на пролетта како да добиваш некое замаглување, или можеби почнаа пердуви да ти никнуваат па затоа имаш гускини фрустрации.

  4. ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР МОЖЕ ДА СЕ РАСКИНЕ И ПРЕД ДА СЕ НАПРАВАТ КАКВИ БИЛО ИЗМЕНИ ВО УСТАВОТ, СО НОТИФИКАЦИЈАТА ДО ГРЦИЈА И ООН, ПОВИКУВАЈКИ СЕ НА КОНВЕНЦИЈАТА ОД 1969, ЧЛЕН 46. НЕ Е НЕОПХОДНА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ ПРЕД РАСКИНУВАЊЕТО НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР.

Comments are closed.