Силјановска: Добрососедство без заемна почит нема значение

„Добрососедските односи ќе се унапредат кога ќе се помириме со минатото. А помирување не настанува со договор, ами со признание на злосторствата, со покајување и искрена желба за соработка заради неповторување на историјата.

Ако има грчки премиер или претседател кој ќе се извини за прогонувањето на децата, ќе имаме почит и разбирање.

Ако Бугарија и Грција признаат македонско малцинство и македонски јазик за реалност на својата територија, ќе подадат рака за соработка.

Преспа и договорот со Бугарија не се такви акти. Не нудат помирување ниту ќе унапредат добрососедство. А имаме во историјата договори од кои можевме да учиме. Меѓу Германија и Полска, Германија и Франција, на пример.

Треба да се гледа суштината на добрососедските односи, зашто именката добрососедство без заемна почит нема значение“.

Фејсбук статус на професорката Гордана Силјановска Давкова и носител на листа во Првата Изборна единица.

SHARE