Силјановска: „Државата што не ги сфаќа лицата со посебни потреби е хендикепирана“

Професорката Гордана Силјановска Давкова на својот фејсбук профил објави видео од прошетка низ градскиот парк во која среќава млади активисти на црвениот крст.

„Најдрага “Мартинка” во животот. Случајна средба во градскиот парк со активисти на проектот ПХВ (Промоција на хумани вредности) на Македонскиот Црвен Крст. Да им помогнеме сите на децата со посебни потреби за кои собираат поддршка ПХВ активистите.“ порачува Силјановска Давкова во објавата на фејсбук.

На видео снимката од средбата, младите хумани активисти на Силјановска Давкова и објаснија каква е нивната мисија.

„Работиме проект преку Црвениот Крст, се вика Промоција на Хумани Вредности и собираме парични средства за да уредиме еден центар за едукација и развиток на децата со посебни потреби“, велат активистите.

Професорката и кандидат за Претседател на Република Македонија им одговори: „Ако станам претседателка, тогаш, има едно начело во уставот се вика правична и соодветна застапеност и за жал досега се преименува само по етнички клуч, ама јас мислам дека треба да се однесува и на лица со посебни потреби и на сиромашни лица и на жени. Значи ако сме вие и јас исти во другите критериуми стручност и копетентност, јас како лице со посебни потреби да имам предност. И тоа мора под итно да се направи, зошто нема лица со посебни потреби ниту има хендикепирани туку државата што не сфаќа дека тие само на друг начин ги изразуваат своите способности е хендикепирана.“

Линк до видеото

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=120127142458593&id=100033839222511

SHARE