Професорката Гордана Силјановска Давкова за експлозијата на епидемијата на Ковид-19 во Македонија и инсистирањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за избори на 5 април.

„И, што вели нашиот д-р. проф. емеритус З.З.? Избори на 5 јули мора да има?“, прашува претседателската кандидатка на ланските избори и носителка на изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни.

„Не e виновен народот. Виновни се тие кои предлагаат карантин, а всушност предлагаат мерки кои доведоа до евакуација. ‘Ја држиме ситуацијата под контрола’ не кореспондира со хаотичните мерки, водени од калкулантство и политиканство. Доста ‘танцуваа’! Време е за оставки!“, категорична е Силјановска.

SHARE