Силјановска: Името е дел од правото на самоопределување

Професорката Гордана Силјановска Давкова, која е еден од кандидатите на ВМРО ДПМНЕ за иден шеф на државата, вели дека и името е неразделен дел од правото на самоопределување, заедно со знамето, со химната, Уставот.

Право на секој народ е да си го одреди името, политичкиот систем, симболите, химната, бидејќи тоа е нешто што е врзано за ова право, вели професорката и додава:.

„Како што гледате, сегашните власти се откажаа и од него.

Но, за да се покренат постапки, за да се направи околу претседателот еден тим на експерти кои ја знаат оваа материја, потребно е и влада да има од поинаков тип. И оваа влада треба да си замине, затоа што меѓународните односи се поделена надлежност меѓу шефот на државата и меѓу Владата, односно Министерството за надворешни работи“ вели  Силјановска.