Силјановска ќе собира 10.000 потписи од граѓаните

Професорката Гордана Силјановска Давкова, која беше избрана за кандидат на ВРМО-ДПМНЕ за претседател на државата, почнува со собирање и на 10.000 потписи од граѓаните кои, како што вели, сметаат дека е време во Македонија да започнат суштински промени на подобро.

„Како што ветив во Струга, Ве известувам дека формално ја информирав Државната Изборна Комисија за започнување на процесот на собирање на најмалку 10 илјади потписи за претседателската кандидатура.

Од утре сите вие што мислите дека е време во Македонија да започнат суштински промени на подобро, низ цела Македонија ќе може да ги  дадете вашите потписи.

Време е без разлика на партиската, етничката, половата, старосната структура да се обединиме и да ја вратиме Македонија во нормала“, соопшти Силјановска

Во текот на денот дополнително ќе бидат соопштени детали за локациите каде граќаните ќе го дадат својот потпис, процедурите и потребните документи.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.