Силјановска: Македонскиот идентитет е македонска работа

„Македонскиот национален идентитет е МАКЕДОНСКА РАБОТА и БИОГРАФИЈА. Автори на македонската национална приказна се нашите предци, а ние, како коавтори, имаме национална обврска да ја допишуваме“, пишув а професорката Гордана Силјановска Давкова на Фејсбук

„Соседите си имаат СВОИ НАЦИОНАЛНИ ПРИКАЗНИ, чии АВТОРИ и БИОГРАФИ се ТИЕ, САМИТЕ!

Нивните амбиции за (ко)авторство на нашата национална историја не можеме да ги контролираме, но нашите ПОСТАПКИ – МОЖЕМЕ и МОРАМЕ.

Ќе биде ли оваа генерација достојна на СВОИТЕ ПРЕДЦИ или ќе ги засрами и понижи, „БРИШЕЈЌИ ГИ“, себезастрамувајќи се, себепонижувајќи се и СЕБЕНЕГИРАЈЌИ СЕ?

Една од обединетите нации во рамките на ООН, БЕШЕ, Е, и ЌЕ ОСТАНЕ и МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА!

ИЛУЗИЈА е, дека може да започнете преговори за ЕУ како „ НИКОЈ“, за да станете „НЕКОЈ“!Да бидеме достојни Македонци и горди Европејци!- пишува Силјановска.

„ НИКОЈ“ не може да стане „ НЕКОЈ“! Македонскиот национален идентитет е МАКЕДОНСКА РАБОТА и БИОГРАФИЈА. Автори на…

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Thursday, May 28, 2020
SHARE