Силјановска: Не купувајте ВИП авион – народот нема за живот

Професорката и кандидатка за претседателна Државата, Гордана Силјановска Давкова денеска преку својт Фејсбук профил ја критикуваше намерата за купување на владин авион додека здравството е во колапс, а народот живее во сиромаштија.

Таа ги повика државните функкционери да се угледаат на првите луѓе од старите европски демократии (некои дури и со кралско потекло) кои користат велосипеди, јавен превоз и редовни авионски линии.

„Во план е набавка на нов и поголем авион за потребите на Владата и претседателот на Републиката. Во време кога здравствениот систем доживува колапс, службите на итната медицинска помош едвај функционираат со стари и нефункционални возила (чекајќи ја приватизацијата на секторот), државните функционери мислат само на својата удобност и безбедност, а тоа го оправдуваат со наводно зголемени потреби за патувања заради интеграцијата во НАТО и ЕУ. Ваквите потези сведочат за бескрупулозноста и себичноста на владејачката каста, која не работи за својот народ и не мисли на неговите секојдневни потреби“ пишува Силјановска.

Македонија, една од најсиромашните земји во Европа, сака да има ВИП авион кој ќе чини 20 милиони евра (плус одржување, пилоти, редовни тренинзи, и сл.) – и со тоа се легитимира како олигархија, во која управувачите ја злоупотребуваат моќта и државниот буџет за сопствени потреби.

За разлика од нас, во старите европски демократии секојдневно гледаме како првите луѓе на државите (некои дури и со кралско потекло) користат велосипеди, јавен превоз и редовни авионски линии. Освен тоа, во Европската Унија се подигнува свеста за потребата од поголема заштита на човековата средина, меѓу другото и со намалување на авионскиот превоз за владините делегации.

Нашиот мудар народ одамна рекол дека секој треба да си ги простре нозете колку што му е долга чергата, но сега тоа го прават само мнозинството граѓани кои крпат ден со ден, додека тајкуните во власта сметаат дека се привилегирана каста која заслужува посебен и различен третман од обичните смртници. Додека тие летаат на небо со пари кои не ги заработиле ами одзеле од насушните потреби на општеството (да не зборуваме за секојдневните задолжувања и падот на економијата), граѓаните живеат со надеж дека амбулантното возило ќе стаса навреме за да спаси нечиј живот.

Апелирам планот да се отфрли веднаш, а доколку станам претседател на Републиката, ќе одбијам вакви привилегии додека мојот народ нема за живот. Ако сакаме да се интегрираме во ЕУ, пример за европско однесување треба да дадат оние на власт, и да покажат скромност и почит и емпатија за оние кои живеат во сиромаштија.

СТОП ЗА ПРИВИЛЕГИИТЕ НА МОЌНИТЕ! Правда и право за сите!“ напиша Силјановска на ФБ.

SHARE

6 Коментари

  1. Ѓубре. Почна да се удвара на народот. Зошто не кажува ни збор за спомениците и фасадите во кои се потрошија 50 вакви авиони. Таа нашла да зборува за 1 авион.

  2. Мајмуне, пак сереш. Да не сакаш и ти да свртиш едно крукче.

  3. Преспанскиот договор содржи „Ban” (превод: ЗАБРАНА) на користење името „Македонија“ без пред да се стави зборот СЕВЕРНА!, а „Ban” е само за наша Македонија, но за Грција НЕМА „Ban”. За нив важи слобода, на друга, страна истото име “Македонија” да се користи без какви било ограничувања! „Ban” се однесува само за НАС!
    Секој пат кога тре ба да речеме „МАКЕДОНИЈА“, мораме да кажеме: “СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА”, а не :”МАКЕДОНИЈА”! ЗБОРОТ „МАКЕДОНИЈА“ Е ПОД BAN, КАКО ШТО ПОРАНО „Republic of Macedonia“ мораше во ОН да се замени со FYROM!

Comments are closed.