Силјановска: Нема чекорење напред со згазено национално достоинство

Професорката Гордана Силјановска Давкова смета дека Македонија не може да оди напред со згазено национално достоинство.

„Нема промени на подобро без визија и одговорно лидерство, нема европски вредности и реформи без знаење, стручност и компетентност, нема развој без стратегија и стратези, нема национално единство без дијалог и меѓусебно разбирање, нема чекорење напред со згазено национално достоинство.

Дали е време да се биде само сведок на настаните или, пак, да се биде целосно одговорен и активен учесник во донесувањето на одлуките за сегашноста и иднината на Македонија?“, прашува на Фејсбук кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ на последните претседателски избори.

SHARE