Силјановска: Нема потреба папагалски да се повторува „северна“

„Нема потреба папагалски да го повторувате името на државата, тоа е сѐ уште болна тема за сите нас. Еднаш нека стои новото име ‘северна’, потоа во заграда ставете Републиката”, порача професорката Силјановска која зема учество воп јавната дебата за законот за јавно обвинителство.

Силјановска смета дека законот не би требало да се носи по скратена постапка, а треба да биде доставен и до Венцијанската комисија која треба да даде правно мислење.

„Ако имаме закон со европско знаменце тогаш треба и процедурите да се европски. Легитимноста на знаменцето ќе беше ако го пратевте до Венецијанската комисија и добиевте правно мислење. Не сакам да го споменам специјално донесениот закон, за специјално обвинителство со договор на 4 партии, невиден феномен во правото, но кој ете влеваше надеж дека ќе стави крај на криминалот и корпцијата, а заврши со Рекет“, рече Силјановска.

SHARE