Силјановска со нов одговор на владините напади: Му припаѓам на родот кактуси

Откако деновиве владеачките функционери, медиуми и колумнисти координирано започнаа да претпоставуваат дека професорката Силјановска ќе го продолжи наводното поданичко однесување на актуелниот претседател односно дека ќе добиеме нов “фикус”, кандидатката за претседател на опозицијата со одговор:

АЛИСА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – ЗЕМЈАТА НА ФИКУСИТЕ!

Во долгата листа на изборни начела и стандарди, вградени во бројните изборни документи, заслужено место има оној за нужноста од неутрално однесување на државните органи и медиумите во изборниот процес.

Ама, јас, Гордана Сиљановска – Давкова , од 31 јануари, станав подвижна мета на видеократијата, креирана од неброените провладини медиуми.

Од 16-ти февруари, по одржувањето на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател, дури и владата и премиерот се нафрлија со отровни „политички“ стрели на мене.

Вториов, ту како прв меѓу (не)еднаквите министри, ту како лидер на СДСМ, заборави на кршењето на копенхагеншкиот императив за одвојување на државата од партијата!
Невиден „изборен“ феномен е партиски портпарол да излезе на прес конференција со компаративна „анализа“ на мојот политички профил, спореден со оној на сеуште актуелниот претседател, а претседателот на СДСМ, злоупотребувајќи ја државната функција премиер, да ме портретира низ призма на божемната заложба за живот, со право на смрт!

Се разбира, природно е млад партиски фикус да има фикусоидни асоцијации за други. Уште поприродно е главниот политички градинар на бесплодната парламентарна плантажа со над 81 фикусова билка да се плаши од политички кактус(и).

Од мене, ниту било ниту ќе биде фикус. Јас никогаш во животот, ниту дома, ниту на работа, ниту во кусото членување во Либералната партија и како нејзин претставник во двете години министерување во првата политичка влада, не сум била фикус.

Секогаш сум била и ќе бидам своја.
Јас му припаѓам на родот на кактуси кога е критичката мисла и акција во прашање. Но, Волтера не го заборавам, па не нишанам по личноста, туку на ставот!

Едно е јасно: homo macedonicus за да биде homo europicus мора да ги замени бесплодните политички фикуси со кактуси!!

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=115484289589545&id=100033839222511

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.