Силјановска: Паѓа режимот на “Заев Први Преспански”

Во текст напишан на втората годишнина од потпишувањето на договорот за името во Нивици професорката Гордана Силјановска Давкова со наслов “Македонска Преспанска трагедија” ја опишува атмосферата меѓу народот по ова прашање и најавува што ќе се случи на денот на изборите 15 јули.

Целиот статус на професорката Силјановска и носител ма листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1 која опфаќа делови од Скопје и Македонски Брод:

“17 јуни. „Прослава“ БЕЗ НАРОД! Намуртено небо. Разбранувано, налутено езеро. Чамец со неколкумина свечено облечени ликови, со симнати маски и натокмени наочари. Глумат гордост, евоцираат незаборавни спомени, даваат победнички изјави.

Не знам што слават Заев, Костадинов, Димитров и Мисовски? Веројано СЕБЕСИ, како „историски“ актери-статисти!

Ципрас громогласно ја слави Преспанската победа, а дотераниве дошле да го слават нашиот Преспански пораз.
Заев ја избриша македонската историја, а Ципрас ја запиша како грчка.

Ципрас вели дека „ историјата им оддава почит на оние кои ја пишуваат , а не на оние кои се влечат зад неа.

Се разбира, тој е допишувачот на грчката историја, а Заев се влечка зад неа, како бришач на македонската.

Ципрас си го надгради и разубави грчкиот идентитет, а Заев си го осакати и осиромаши македонскиот.

Да, се обиде да го закопа и забетонира македонското минато , а со него и дел од македонскиот идентитет и почна да гради нова северномакедонската историја и северномакеонски идентитет во времето на династијата на Заеви, на чело со Заев Први Преспански!

Ама, ќе остане запишано дека на 15 јули НАРОДОТ што тагува кога ВЛАСТОДРЖЦИТЕ слават се побунил и го урнал режимот на Заев Први Преспански.

SHARE