Силјановска порачува: Заканите повеќе не ви поминуваат!

„Нападот врз Игор е срамен и кукавички чин. Одраз на нецивилизираност и многу страв. Соочени и исплашени од секојдневните нивни порази, како и тие кои допрва претстојат, посегнуваат по варварски методи. Нешто што е заштитен знак за голем број ликови во и околу нашата Влада“, ртеагира професорката Гордана Силјановска Давкова по нападот од страна на советник на Заев врз оперскиот пејач и носител на изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски.

Да ви порачам нешто. Заканите повеќе не поминуваат. Особено кај изградени, неизвалкани и надпартиски личности. Ги повикувам институциите итно да постапат и да го решат случајот.

Ги повикувам сите останати, а особено г. Заев и неговата политичка партија јавно да го осудат овој настан и да се оградат. Ако можат!?

Времето на неказнивост завршува. Доаѓа обновата, а со себе ја носи и правдата“- порача Силјановска на Фејсбук!

SHARE