Професорката и кандидат за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова вели дека со месеци наназад укажувала на противправната постапка низ која беше донесен Преспанскиот договор но и  референдумскиот процес.

„Секој меѓународен договор може да биде оспорен согласно одредбите на Виенската конвенција. Значи, зборувам за правна постапка пред надлежна меѓународна институција, а не за политичко ветување“ вели Силјановска во изјава за „Независен“.

Професорката потсетува дека во Република Македонија надлежен за уставноста на овој договор е Уставен суд, „но тој не работи со правни аргументи.

Она што можам да го ветам, без страв дека некого ќе разочарам, е дека прашањето ќе го држам отворено, во секоја пригода кога тоа ќе биде можно“, нагласува Силјановска-Давкова

SHARE

6 Коментари

  1. A sto ako ne ti se dade prigoda i bide nemozno, kako so Gjorge tolku golemi iscekuvanja od negovite govori okolu i na krajot si ostana na toa i tolku.!
    Penzijata aftomatski li mu sleduva ili ima pravo da se otkaze od dozivotnite privilegii samo zatoa sto bil pretsedatel na drzavata, Djoni Wolkero site ke gi nadzivee

  2. Ајде бе гуско објасни што ти значи тоа „ прашањето ќе го држам отворено во секоја пригода кога тоа ќе биде можно“. Како „ќе го држиш отворено“ и во кои пригоди мислиш дека тоа „ќе биде можно“, а во кои дека нема да биде можно. Никој НЕ МОЖЕ да УКАЖУВА на противправна постапка при која бил донесен Преспанскиот договор, затоа ШТО НЕ Е УТВРДЕНА ПРОТИВПРАВНА ПОСТАПКА при која е донесен Преспанскиот договор. Таа МОЖЕ само ДА СЕ СОМНЕВА дека Преспанскиот договор е донесен со противправна постапка. Исто така и за референдумот. Едно е таа ДА СЕ СОМНЕВА, а друго е дали надлежни институции УТВРДИЛЕ некаква противправност. ГУСКА.

    • Слушај, не се сили многу, да не почнеме со БОМБИТЕ за Стево, Миле и Минчев во врска со Трајковски и аеродромот, па Мостар! Затоа, уживај во победата на Стево кој најверојатно, без БОМБИТЕ, ќе биде идниот претседател! Вака,…. ??? Совет: ТРАЈ!

  3. Со влегување во НАТО ќе станеме безбедни од самиот НАТО. Друга опасност, реално немаме.
    Тоа е исто како да ти дојдат мафијаши да ти бараат рекет за да те заштитат. Од кого? Од нив.
    Јак пазар, нема што!

    • Не сум сигурен! И Турција е во НАТО па што се не и се случи. Таксим со Бејли па Ѓулен од УСА.

Comments are closed.