Случката што се случи пред седум години на Смилковското езеро е едно од нештата шт најмногу вознемируваат, рече вечерва во Приле, кандидатката за претседатек Гордана Сиљановска Давкова.

„Настанот што со право може да се нарече терористички, и без право и правда…Тоа е атак врз уставниот поредок. Тоа е терористички чин.

Меѓутоа правен епилог нема.

Да потсетам што велеше премиерот тогаш дека има снимки, дека никој нема да остане неказнет, но се чини дека правото и правдата не стигаат“. нагласи Сиљановска Давкова, пренесе +Инфо.