Силјановска: Продолжува играта на властодршците…


„Во отсуство на правна држава, владетелите и нивните подржувачи го трансформираа реализмот во дарвинизам и карикатурален цезаризам, со тешко нарушена поделба на власта, во корист на владата и премиерот, декоративно , безгласно Собрание, тивок, политички непрепознатлив претседател, зависно судство, инструментализирани медиуми по партиска или олигархиска основа, баронизирано и неавтентично цивилно општество, со ретки исклучоци.

Во очекување на новата методологија – пишува професорката Гордана Силјановска на Фејсбук – сметав дека ќе препознаеме знак за највисока тревога, враќање на законодавната функција во собранието, жива, транспарентна, наместо зад затворени врати активност на собраниските тела, отворен институционален дијалог меѓу власта и опозицијата, почитување на деловничката процедура, усогласена активност на т. н.  ‘техничка влада’, запирање на злоупотребата на државните и јавни институции и ресурси за политичка кампања, елиминирање на говорот на омраза и негово санкционирање….

Ама, властодржците и нивните прегласни подржувачи, зашеметени од привелегиите и исплашени за нивното губење, си продолжија со илибералната политичка игра, инспирирани од Макијавели и Хобс, не помислувајќи на Монтеские и „за духот на законите“.

SHARE