Силјановска: Што не научија „преспанците“

Професорката Гордана Силјановска, на фејсбук реагира на актуелните условувања од Бугарија околу интеграција на Македонија во ЕУ.

“Преспанците” не убедуваа(т) дека сме го забетонирале македонскиот идентитет, ама како лоши “неимари” се покажаа. Како да разградуваа, наместо да градат.
Премиерот, прогласувајќи го македонскиот народ за најголем балкански “историски крадец”, ги охрабри “ограбените” во засиленото оспорување на името, јазикот, нацијата, црквата, Идентитетот.

Како да се врати трагичното балканско минато, како да воскресна лошиот дух од 1912-1913, но и од 1941-1944.

Тажно е кога тоа се прави во името на евроинтеграцијата и добросооседските односи. Не е добрососедство да условувате и уценувате, наместо да подржувате“ пишува Силјановска.

“Преспанците” не убедуваа(т) дека сме го забетонирале македонскиот идентитет, ама како лоши “неимари” се покажаа. Како…

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Wednesday, October 16, 2019
SHARE