Професорката Гордана Силјановска Давкова објаснува како функционира системот што го создал премиерот Заев а кој е форма на тој што го формирал екс премиерот на Италија Силвио Беелускони.
„Рекет“ е синоним за македонска „берлусконизација“ по формулата: економска моќ + политичка моќ + „валкани крагни“ ( лоша администрација) + медиумска моќ.
„Заевисконизацијата“ или „зокисконизацијата“ се заокружи со создавањето на „1 ТВ“ како фабрика за провладини информации, како и појавата на инструментализирани портали до ниво на обожување на премиерот и политичката елита”, пишува Силјановска која во време на кампањата за претседател одби да оди на дебата во 1ТВ.