Во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, професорката Гордана Силјановска Давкова, со порака до ДУИ околу нивното барање за премиер Албанец.

„Јас ги потикнувам, ги охрабрувам, да направат една извонредно граѓанска програма, за која ќе гласаат и Македонци и Турци и Роми и Власи и со која ќе освојат 61 глас или нешто помалку па другите да трчаат по нив и да ги молат за коалиција.

Тогаш тоа би било легитимно и легално и јас немам ништо против таков премиер“, порача Силјановска која е и носител на изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ во Првата изборна единица.

SHARE