Сиљановска со порака на денот на потпишување на Преспанскиот договор

Професорката Гордана Сиљановска Давкова објави порака на денот кога пред 12 месеци во селото Нивици во Грција беше потпишан Преспанскиот договор.

Сиљановска која по изборите не беше многу активна на социјалните мрежи со порака до власта.

“Една година потоа. Чувајте си го вие Преспански, ние ќе си го чуваме името!
#НикогашСеверна”, напиша професорката која на претседателските избори освои речиси 380 илјади гласови.

Последен пат во јавноста беше видена вчера на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ а предходно беше дел од прославата на шампионската титула на Вардар на плоштадот Македонија.

SHARE