„Луѓето си заминуваат, и тоа оние кои ни се најпотребни, најумните најспособните, најкомпетативните, оние  кои може да се натпреваруваат во европските држави и подалеку.

За жал, политиката на оваа власт не е политика за тоа да води сметка дека тие се потребни овде. Ништо не сторија за да ги задржат, напротив како да ги бркаат. Тоа мора да се смени“, рече денеска во обраќањето пред граѓаните на Валандово, кандидатката за претседател на државата Гордана Сиљановска Давкова.

Таа потенцираше дека иако ветуваа живот – не го донесоа животот, а ни Преспанскиот не е гаранција за влез во ЕУ зашто Унијата ќе испорача нови услови за исполнување на европски стандарди.

„Лани прославија членство или почеток на преговори со ЕУ зошто демек ако се исполни условот наречен Преспански договор година само потписот ќе се стави и ќе почнеме да преговараме.

Јасно е дека од тоа ништо не бива и сега повторно измислуваат по наводници  аргументи и сигурни сме дека повторно Европската унија односно комисија ќе измисли некоја формулација од типот на уште една дополнителна домашна задача за да може да се подготви почетокот на преговорите што веќе ги почнавме или веќе требаше набрзо да ги почнеме. Причината лежи во отсуството на исполнување на било кој европски стандард, а тие се неопходниот услов за почеток на преговори и за членство на ЕУ“, рече Сиљановска Давкова.

Таа изјави дека владеењето на СДСМ е како во минатото без демократија, а власта концентирана во рацете на еден човек што претставува лош начин на практикување на власта.

SHARE

3 Коментари

  1. МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ПОМИНЕ НИТУ ВО НАТО, ПОРАДИ ТУРСКОТО ВЕТО ДОКОЛКУ НЕ ИЗРАЧИ 14 ЛИЦА ПОДДРЖУВАЧИ НА ФЕТУЛАХ ГУЛЕН, ОД КОИ 7 СЕ НОВИНАРИ АЛБАНЦИ КОИ НЕМА ШАНСА ДА БИДАТ ИСПОРАЧАНИ. ТУРСКИОТ ПАЛАМЕНТ ЌЕ БЛОКИРА ВЛЕЗ ВО НАТО!
    А ЗА ЕУ НЕМА НИКАКВА ШАНСА, НИ СЕГА НИТУ ВО ИДНИНА!

  2. Do Davkova ! TIE se Mladi i imaat dovolno vreme da donesat podobar zivot , ali TI si MNOGU STARA i nemash nikakvo vreme . Arhangel vekje chuka na TVOJATA vrata !!!

  3. Оваа гуска потполно одлепи. Мисли дека изборите се за премиер. Ја критикува владата и премиерот, а учествува во кампања за избор на претседател на држава.

Comments are closed.