Кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова,

Попладнево од митингот во Свети Николе кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова порача дека без владеење на право и правда, без битка со криминал и корупција, битка со непотизам, подобрен здравствен систем и квалитетно образование тешко ќе добиеме датум за преговори за ЕУ.

Истакна и дека изминатите две и пол години народот се изнагледал „незауздана политика“, а последиците се видливи и познати.

„Лошата политика не може да го згази правото… Оти ако политиката не е ограничена со правото, ако не е под правото, ако не е врамена во правото, ќе доведе до дискрециски овластувања. Ќе доведе до постапувања што не водат сметка за човековите слободи и права“, рече Силјановска Давкова.

-Дојде времето да си помогнеме едни на други, а тоа е на 21 април, порача кандидатката за претседател Силјановска.

SHARE

2 Коментари

  1. A kakva VRSKA toa ima so titulata Pretsedatel ? OVIE zborovi moze da gi izgovori samo NEKOJA SI !!!

  2. И што ќе направиш ти за да ја „зауздаш“ политиката? Со што политиката во овие 2,5 години ги наруши човековите слободи и права? Кои човекови слободи и права ги наруши? Ако има такви нарушувања, зошто не побара од Судот да утврди и да ги казни сторителите? Зошто претседателот Иванов не побара да се утврдат нарушувањата и да се казнат сторителите? Те заболе тебе и ВМРО-ДПМНЕ за тоа дали ќе добиеме датум за преговори за ЕУ. Напротив. Вие правите се` за да не добиеме датум за преговори. Идиоти.

Comments are closed.