Сиљановска: Во април се знаеше дека нема датум за ЕУ

Професорката Сиљановска не е изненадена што денеска Македонија доби одложување на датумот за преговори најмалку до октомври.

“Во април оваа година изјавив: „..не верувам ниту дека во јуни ќе добиеме покана. Во ЕУ се влегува со исполнување на Копенхагеншките критериуми, а тие значат владеење на правото, либерална компетитивна просперитетна економија, независно судство, жестока борба со криминалот и корупцијата, деполитизација и департизација на администрацијата, слободни и независни медиуми”, вели Сиљановска која смета дека актуелните македонски власти немаат капацитети да направат соодветни реформи и да ја внесат земјата во ЕУ.

SHARE