Сиљановска во одбрана на Мизрахи: Полициска држава во диктаторски стил воведува „вербален деликт“

Полициската држава во диктаторски стил воведува вербален деликт, пишува професорката Гордана Силјановска за дебата во Собранието каде се расправа за смена на министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи?

Силјановска реагира на говорот на техничкиот премиер Спасовски кој исто така не ја спомнува Северна во својот говор а ја обвинува Мизрахи за неспоменување.

“Довчерашниот министер за внатрешни работи, сегашен технички премиер, среде ноќ, небаре во полициска држава, во името на уставот, го згази уставот.

Секој од нас има право на себе (само)идентификација, па и министерката. Никој не може да и нареди како ќе ја именува држвата.

Не кажа кој член од уставот го прекршила министерката Мизрахи, затоа што таков нема .

Не кажа кој член од Преспанскиот договор го прекршила министерката, затоа што не поминале пет години, ниту е отворено барем едно поглавје во преговорите.

Таблата е наследство на Мила Царовска.

Вечерва авторитарниот режим ќе добие диктаторска боја ако пратениците ја разрешат министерката Мизрахи, кршејќи го законот за влада.

Техничкиот министер воведе вербален деликт.

Пратениците не смееат да си заминат од собранието на кое му прилега името „Титаник“.

Вечерва некои пратеници мора да отворат пат за идното собрание како „ноев чун“!!

SHARE