Силјановска: Во политиката не сум од 1994, Димитров со децении беше во ВМРО-ДПМНЕ

Во вечерашното гостување на „Само вистина“ на телевизија Канал 5, професорката Гордана Силјановска Давкова прозборе и за нејзиниот политички ангажман пред две и повеќе децении.

„ Димитров со деценции беше со ВМРО-ДПМНЕ, се уште ги паметиме неговите изјави 2011 година во Судот во Хаг.

Јас не сум била во политиката од 1994 година.

Нема поголема надеж од држава во која владее правото, само таа надеж е европска надеж.

Не се оди во ЕУ со кршење на правото: од начинот на кој се менуваше Уставот, до амнестијата, до начинот на вработувањата, рече Силјановска.

Силјановска ги повика граѓаните на гласање на претседателските избори.

„Да. Го бојкотирав референдумот затоа што не можев да легитимитирам нешто што беше донесено во процедура надвор од Уставот и од меѓународното право, истакна Силјановска Давкова.

Таа посочи дека на овие претседателски избори треба граѓаните да излезат да гласаат бидејќи победата на овие избори ќе значи делигитимитирање на сегашната власта и тоа нужно ќе води кон предвремени парламентарни извори.

SHARE

1 Коментар

  1. Тоа е патот на Македонија да стане напредна Европска држава, без предавства, непотизам, корупција, лаги…

Comments are closed.