Професорката Гордана Силјановска денеска ги започна средбите со делегатите од кои ќе бара поддршка пред претстојната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ на која ќе биде избран кандидат за претседател на државата на изборите во април.

Силјановска вели дека се надева дека ќе ги убеди делегатите дека не е погрешно да се појави непартиски кандидат за оваа функција во време во кое, како што рече, не е потребно само помирување туку и обединување.

Професорката засега не ја открива својата програма, но вели дека таа нема да се базира само на статусот и надлежностите на претседателот.

„Без поделба на власт нема демократија, нема спреги и кочници, ниту правна држава…Во рамки на поделба на власта, особено во двоглавата извршна власт, го нема претседателот“, вели кандидатката за иден шеф на државата.

SHARE

3 Коментари

  1. Косоварите се државотворен народ, а ние Македонци Не сме! На Харадинај не му се допадна ОН извештајот, ПА денес ГИ РАСКИНА ОДНОСИТЕ СО ООН! (ТЕ. со УНМИК!)! Тие биле СУВЕРЕНИ!
    А ние се мачиме 27.г. со името, наше СУВЕРЕНО ПРАВО, и на крај добивме Северџистан!
    Е затоа тие се ДРЖАВА, а ние само племенска заедница. https://expres.mk/haradinaj-kosovo-gi-prekina-odnosite-so-unmik/

  2. За НАТО:
    Ќе ги пратат македонските војници во Србија (Косово) со помош на авионите од САД да победат во битката за Косово и потоа да победат во војната за Голема Албанија, а сѐ на штета на Македонскиот и Српскиот територијален интегритет.
    Македонци и Срби ќе изгинат, а за сметка на Македонија и Србија Албанија ќе се прошири! Македонци ќе дадат крв за Голема Албанија!

Comments are closed.