Силјановска за “Бароницата Минхаузен” Шеќеринска – Една слика, думи рој

Професорката Гордана Силјановска со коментар на изјавата на министерката Шеќеринска која сликањето пред симболот на УЧК го нарече неважна иконографија.

“Министерката за одбрана звучи како бароница Минхаузен!

Симболите се ИЛЈАДА ЗБОРОВИ преточени во ЗНАК. Симболот е моќен ИЗРАЗ и ПОРАКА!

Сликата со г-дин Дехари наликува на политичка средба во штабот на УЧК, а не во канцеларија на градоначалник на Кичево, град во Република Македонија!
Министерката за одбрана и градоначалникот МОРА да знаат дека членот 20, став (4 ) на Уставот на Република Македонија забранува воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Македонија”, коментира Силјановска која ја прашува Шеќеринска дали можеби овие членови не важат за СЕВЕРНА и за Кичево?

Клетви, пцости и навреди, нема кој да ја брани министерката за одбрана

SHARE