Силјановска за денешниот марш: Да не ја заборавите бојата!

Професорката Гордана Силјановска Давкова за денешниот Марш на правдата кој го најави Зоран Заев, претседателот на СДСМ им порача да не ја заборават бојата.

Маршот на „правдољубците“!

Откако ја измарширавте ПРАВДАТА, сега ќе марширате за „ПРАВДА“.

Ќе марширате со чекори што не можат да запрат, на правиот пат кон априлскиот ПОРАЗ!

ПС Туку, да не ја заборавите бојата!, напиша Силјановска Давкова на Фејсбук во врска со денешниот „Марш на правдата“ што го најави Зоран Заев.

SHARE