Силјановска за ИВЗ и за селективната правда во интерес на власта

По повод настаните во Исламската верска заедница, упадот, обидот за смена на поглаварот,одлуката на судот и реакција на политичките партии, се огласи и професорката Гордана Силјановска Давкова..

„Сведоци сме на постојани обиди за насилно и незаконско преземање на ИВЗ со директно влијание на највисоките преставници на власта“, пишува Силјановска на Фејсбук.

Силјановска потсетува дека според член 19 на Уставот на РМ, Македонската православна црква, Исламската верска заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот!

„Ова е последен пример за селективна правда во интерес на политиката на власт. Сe е врзано за владеењето на правото!

Време е за европско интелектуално лидерство кое знае, а не манипулира!, напиша Силјановска Давкова.

SHARE

3 Коментари

  1. ЌЕ ПОБЕДИМЕ! БОРБАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ФАЗИ:

    1. Неуспешен референдум,

    2. Итно поништување на договорот,

    3. Делегитимирање на предавничката власт,

    4. Предвремени избори,

    5. Офанзива во ООН за враќање на изгубеното,

    6. Одговорност за сите учесници во сценариото,

    7. Севкупен рестарт на државата!

    ЌЕ ПОБЕДИМЕ!

Comments are closed.