Силјановска: Жените се повеќе од инспирација за мажите (ВИДЕО)

„Ние жените мораме вчено да се дотеруваме за да ги убедиме мажите дека не треба да не слушаат туку треба да не гледаат. Не прифаќам таква улога“.

Професорката, Гордана Силјановска, по изборот за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата беше цел на непримерни критики и отворени навреди на социјалните мрежи во кои не недостасуваа и вулгарни коментари на сметка на нејзиниот физички изглед.

Силјановска  на својот фејсбук профил одговори на критиките и нападите на нејзина адреса:

„Треба да ставиме крај на тоа да бидеме инспирација на мажите. Не да бидеме Гала, или Дора Мар, туку да бидеме Дали и Пикасо во политиката. Политиката стана чудовиште, а ние жените можеме да ја направиме уметност на можното, како што со животот правиме уметност на неможното кога раѓаме“ – вели Силјановска.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.