Симон Трпчески посвети концерт на беломорските Македонци (ВИДЕО)

Маестро Симон Трпчески деновиве настапи на гала концерт заедно со Националниот оркестар на Узбекистан во главниот град Ташкент.

Концертот тој им го посвети на Македонците кои што во текот на граѓанската војна во Грција (1946-1949) беа присилени да ги напуштат своите домови во Грција и морале да заминат во егзил во далечниот Узбекистан.

„По огромното искуство на концертот со националниот оркестар на узбекистан и маестро Тигран Шиганијан , како и по средбите со професори и студенти на концерот и на мастерклас во конзерваториумот бев поздравен со „претседателски “ Чапан (традиционална узбекистанска наметка) на сцена и така се вратив назад дома во вечната Македонија“ пишува Трпчески во својот пост во врска со посетата на Ташкент.

„Го посветив мојот настап на Македонците кои беа присилени да ги напуштат своите домови и беа испратени далеку во Узбекистан… семејства кои се соочија со животни трагедии…. вклучиетелно и мојот учител Никола Влахов…. сите топло дочекани од гостопримливиот народ на Узбекистан“, напиша Трпчески во врска со настапот во далечниот Узбекистан каде голем број Македонци од Егејска Македонија најдоа прибежиште од граѓанската војна во Грција.

Маестро Трпчески во Ташкент како и секаде каде што настапува е најавуван како Македонец од Македонија без додавката С……

Во видео изјавата (подолу) дадена во историскиот комплекс Самарканд Трпчески зборува за посетата на местото за кое не сонувал дека ќе го посети

Целиот пост на маестро Трпчески на англиски јазик:

After the great experience at the concert with the National Orchestra of Uzbekistan and Maestro Tigran Shiganyan and meetings with professors/students at the concert and at the masterclass at the Conservatory, I was greeted by the Uzbeks with the “Presidential” form of the Chapan on stage, so that is how I arrived back home to timeless Macedonia! 🙂

I dedicated my performance to the Macedonians who were forced to leave their homes and sent as far as Uzbekistan… families that experienced life tragedies… including my accordion teacher Nikola Vlahov… all warmly welcomed by the hospitable people of Uzbekistan.

Rahmat O’zbekistan!
Thank you Uzbekistan!
Благодарам Узбекистан!

SHARE