Синдикатите бараат минималецот да биде 16.000 денари

Ако потрошувачката кошница изнесува 32.653 денари, просечната плата 25.000 а според европската директива минимална плата треба да изнесува минимум 60% од просечната плата во државата, тогаш минималецот што работниците треба да го добиваат е – 16.000 денари, бара Конфедерацијата на слободните синдикати на Македонија (КСС).

Со најавеното покачување на платите од 5%, Владата во овој момент на вработените од јавниот сектор веќе им должи уште плус 20%, затоа што е тоа законска обврска, а ние остануваме и понатаму последни во регионот по лични примања и просечна плата и позади Косово и позади Албанија и Србија и имаме плати рамни на социјални примања.

SHARE