Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, денеска побара одфговор дали е вистина дека синот на пратеничката од СДСМ, Мира Стојчевска, се вработил во ЕЛЕМ.

Според Арсовски, Виктор Стојчевски од денес почнал да оди на работа, пренесе Макфакс.

„Дали е точно дека Виктор Стојчевски своето вработување во ЕЛЕМ го заслужил со навредливите коментари упатени кон граѓаните кои ги нарекуваше ‘хибернирани кретени по улиците на Скопје’ или бил најдобар кандидат оти мајка му креваше рака за промена на името, покачувањето на акцизите или за отворањето измислени работни места за заменик-директори во јавните претпријатија“, прашува Арсовски.

SHARE

3 Коментари

Оставете Коментар