Најголемата грчка опозициска партија СИРИЗА го критикуваше премиерот Киријакос Мицотакис за, како што велат, „телевизискиот предлог“, Екатерини Сакеларопулу, да биде кандидирана за прва жена претседател на Грција.

Според Сириза, ТВ најавата на Сириза била обид за „пренасочување“ на вниманието „од владиното фијаско околу либиската и бегалската криза“, јави АНА-МПА.

„Сметам дека е време нашата татковина да добие достојна Гркинка на највисоката државна позиција“, предложи вчера грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во ТВ- обраќање до јавноста, најавувајќи дека со избор на Сакеларопулу(64), на чело на државата за прв пат ќе застане жена.

„Мислам дека е време нашата земја да има достојна Гркинка на највисоката позиција во земјата“, рече премиерот Киријакос Мицотакис илидер на Нова демократија која има мнозинство од 158 парламентот.

Левичарската партија СИРИЗА, која ја изгуби власта на парламентарните избори во јули 2019 година, веќе соопшти дека ќе го поддржи реизборот на сегашниот претседател Прокопис Павлопулос, кој беше избран за петгодишен мандат во 2015 година.

Мандатот на Павлопулос истекува на 20 март.