„Систина“ го тужи Боки 13 за 10.000 евра долг


„Систина“ бара 634.251 денари отштета за долг направен од обвинетиот во случајот со рекетот Бојан Јовановски-Боки 13

Долгот од над 10 илјади евра е врз основа на неплатена операција во клиниката Систина, во која сопственички врски има и сведокот за рекетот Орце Камчев.

Расправата на денешното судско рочиште е одложена за 20-ти декември откако било откажано полномоштвото на адвокатот на тужениот, дознава Телма.

SHARE