„Систина“, политика, реваншизам и народно здравје – Пишува Горан Момироски

Неколку дена ја следам хајката што власта преку своите прокси медиумски алатки ја води против најголемата приватна болница во Македонија КБ Аџибадем-Систина.

Нападот очигледно координиран од еден центар е колку да се нападне. Систина е најподмолно обвинета дека “крадела” кадри од јавното здравство и наплаќала услуги тарифирани од Фондот за здравство. Никој не ја обвинува Систина за криминал, корупција, кршење закони или здравствени протоколи. Всушност никој за ништо не ја обвинува туку колку да се збори нешто контра.

Откако ја разбрав логиката на нападот имам неодминлив впечаток дека доколку сопственикот на оваа болница не ја откриеш аферата “Рекет” и не станеше непријател број 1 на актуелната власт од бизнис секторот, министерот Филипче секоја недела ќе го гледавме на телевизија како ја посетува Систина и се фали со научните и медицински достигнувања на најголемата приватна болница.

Во западната медицина, министерот Филипче и тие што се пресметуваат со Систина ќе знаеа дека не треба да има поделба меѓу приватно и јавно здравје, здравјето е општо и треба да има општи принципи на однесување кон сите што се грижат за него.

Кога пред повеќе од две години министерот Филипче најави дека ќе се удри поголем акцент на приватното здравје на сметка на јавното беше нападнат за ваквиот план од кој се откажа од непознати причини. Една од неговите добри идеи тогаш пропадна и Македонија пропушти шанса јавното здравство тогаш да го искористи приватното за да го турне напред здравствениот државен диносаурус.

Се надевам дека тој пристап не пропадна затоа што некој разбра дека од тендерите на приватните болници нема проценти за владините функционери кои располагаат со државни пари.

Само за потсетување, за тие што не знаат а јас го дознав од младиот молекуларен биолог Среќко Рајевски со кој правев интервју пред десетина дена на Алфа ТВ.
Една десетина од сите ПЦР тестови за Ковид19 направени во Македонија од почетокот на кризата минале низ Систина – Аџибадем.

Дел од лекарите од јавното здравје избегнуваат да дојдат на интервју, се плашат или не сакаат да ги бранат политиките на тие на врвот кои носат одлуки за народните пари.

Ако навистина сакаат правда колку и да се субјективни и реваншистички настроени нарачателите на прокси нападите врз Систина треба да се позанимаваат и со фармацевтските играчи кои исто така преку своите прокси алатки (читај фирми) ги изигруваат законите на сметка на народните пари. Но тоа не се случува од за многумина познати причини за кои допрва ќе пишувам и ќе објавувам документи.

Некој од вас може да ме обвини дека сум субјективен. И точно е, многу сум субјективен сум кога тие што грабаат од народната каса ги напаѓаат тие што плаќаат над 50 милиони евра во државниот буџет секоја година.

Со оглед на тоа што здравството не го следам на дневна основа побарав од мој поранешен колега кој сега работи како ПР во Систина да ми ги испрати сите факти за клиничката болница која беше нападната.

Еве ги сите одговори на моите триесетина прашања кои ми ги испрати екс колегата во име на Аџибадем-Систина со мал број мои дообјаснувања.

• Во текот на ова година (од јануари до октомври) вработени се нови 12 доктори – 3 од јавно здравство, другите од приватни клиники.
• Годинава од Аџибадем Систина си заминале 12 доктори од кои 4 во јавното здравство, 7 во пензија
• Заклучокот е дека повеќе доктори од болницата заминале во јавното здравство
• Трендот на миграција на кадри меѓу јавно и приватно здравство во двете насоки и секако кон странство е тренд кој трае со години и најверојатно нема да биде запрен поради низа причини.
• Аџибадем Систина нуди одлични услуги за пациентите, а во болницата тие добиваат третман во најразвиена болница. Овде постојано се инвестира во најсовремена опрема и се воведуваат најнови методи за дијагностика и третман. Тоа е престиж и одлична можност и за кадарот кој е ангажиран овде.
• „Аџибадем Систина“, како еминентна здравствена установа, веќе 10 години е синоним за гарантирано квалитетна здравствена услуга, која е обезбедена од кадар во кој континуирано вложуваме.
• Педијатриската болница е најголемиот педијатриски центар во земјава. Станува збор за најкомплетно опремена педијатриска болница
• Инвестициите во кадар се неизбежен дел – работат 1.000 квалитетни луѓе, а во новата болница 210 професионалци
• Да ставиме крај на шпекулациите во однос на тоа колку средства „Аџибадем Систина“ добива од Фондот за здравствено осигурување: сакаме да ве информираме дека од 2010 до 2020 година „Аџибадем Систина“ за кардиоваскуларни и IVF услуги, од Фондот има добиено 53 милиони евра
(Жан Митрев за истиот период само за кардиоваскуларни услуги има добиено 81.441.000 евра – н.з.)
• Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од самиот почеток на пандемијата ги следи и применува сите протоколи кои ги наложува Светската здравствена организација, а се применуваат и во „Аџибадем“ групацијата од која ние сме дел.
• Правиме тестирање на пациентите со најразлични тестови за детекција на вирусот. Први воведовме еден тест кој ќе детектира присуство на коронавирус и на сезонски грип.
• Потоа Владата донесе одлука со која на приватните клиники им беше наложено да третираат пациенти кои се во животозагрозувачка состојаба и се инфицирани со коронавирусот.
• Отворивме инфективен оддел на кој преку најсовремени методи, како принципот со хемофилтрација или ЕКМО методата (во „Аџибадем Систина“ беше првиот случај на излечен пациент во земјава со помош на оваа метода) ги третираме пациентите со Ковид -19. Потврда на нашиот пристап во лекувањето е успешноста кај 99 проценти од пациентите кои побарале третман од нас.
• Имаме одговорност да понудиме грижа и третман на овие пациенти и со тоа да им помогнеме не само на нив, туку и на целиот здравствен систем во овој голем предизвик со кој се соочува.

• Генерално системот на приватното здравство секаде во светот се смета за посупериорен во однос на системот на јавното здравство. Државите во регионот може да се каже дека сепак успеаја да изградат стабилно јавно здравство кое исполнува сосема задоволителни критериуми за пациентите и успеаја да задржат ниво на квалитет на добра здравствена услуга, со истовремено обезбедување и на достоинствени услови за медицинскиот персонал кој е дел од тој систем.
• Во нашата земја, за жал, на оваа тема во последните 20 години сме сведоци на неуспешни стратегии базирани на лоши здравствени политики. Сведоци сме на лоша поставеност и неорганизираност, на неможноста да се обезбеди квалитетен јавен здравствен систем кој по сите критериуми, инфраструктурно и кадровски, ќе одговори на потребите на пациентите и истовремено ќе биде потпора и можност на здравствените работници кои ќе бидат дел од него.
• Не е воопшто изненадувачки што сето тоа резултираше со негативна динамика на медицинскиот пазар на трудот и незадоволство и разочарување кај кадрите.
• Заминувањето на медицинскиот персонал со долгогодишни искуство надвор од земјата, а не во приватните болници во земјата не може да биде успех за здравствениот систем – како што некој го доживува, туку единствено поразителен факт за сите нас, а посебно за граѓаните – корисници на здравствени услуги како и за сите вработени кои се дел од здравствениот систем.
• Со континуирано инвестирање во проширување на капацитетите, отворање на нови оддели, вложување во најсовремена опрема, следење и воведување на најнови пристапи и методи во медицината среќни сме што истовремено отвораме и даваме можности на сите медицински работници во земјата да станат дел од нашата установа и своето знаење да го применат тука, на пациентите во земјава, наместо надвор.
• Интересот да се биде дел од оваа институција, од Аџибадем Систина, секогаш постои и од другата страна, кај медицинските работници. Деловната политика на болницата е онаа според која се проценува реалната потреба за тоа. Ние сме константно отворени за обезбедување можности за преговори со медицински лица и персонал како од jавното здравство така и од другите приватни клиники, секогаш со една, единствена цел – да обезбедиме врвна и најдобра услуга за нашите пациенти.
• Инвестираме во постоечките и во новите кадри. Општо познато е дека медицинскиот пазар на труд е динамичен, но нашата цел е да обезбедиме услови и опрема сите медицински работници, дури и оние кои студирале или работеле во странство да ги доусовршат своите искуства кај нас и да ги задржиме кај нас со цел нивното искуство и професионализам да го применат токму тука.