Сите решени случаи на Јанева: Она на „м“, багерите на Кочан и облеката на Ивона

Во моментот кога пред два дена јавната обвинителка ја соопшти својата одлука, СЈО има само три решени случаи пишува порталот „Призма“.

Случајот „тенк“, за кој нарачателот Никола Груевски, осуден во истиот предмет, избега во Будимпешта непосредно пред да биде одведен на отслужување на двегодишната казна затвор, а затворска казна добија и ексминистерката Гордана Јанкуловска и помошник-министерот во МВР.

Во предметот „Труст“,бизнисменот Сеад Кочан и неговите партнери беа обвинети дека го оштетиле државниот буџет за 17 милиони евра, со тоа што давале лажни податоци за да добијат тендер од ЕЛЕМ за ископување јаглен. Кочан денеска треба да се јави за издржување на казната.

„Најбрзо заврши случајот „Тифани“, во кој новинарката Ивона Талевска ја призна вината за затајување данок и доби условна казна, со задолжување да врати 27 илјади евра. Таа беше обвинета дека преку своите фирми купувала долна облека, козметика и други производи што не биле поврзани со работата на компаниите“.

Во моментот кога Јанева заминува билансот е и два затворени случаи со откажување од обвинението, 15 активни предмети пред Кривичниот суд, четири случаи што се вратија на повторени постапки, и два за кои се чекаат одлуки од Апелацискиот суд. И 19 истраги за кои сѐ уште не е поднесено обвинение.

Сѐ на сѐ, 40 недовршени процеси по четири години работа.

Извор: Призма

SHARE