Сите се минливи, само Амди е вечен (ФОТО)

Даваше гол со петица, уриваше влади, од „Кока кола“ се претвори во „Газоза“, ги обвини новинарите дека работат за ЦИА и смени десетина премиери, спикери и претседатели.

Симпатичниот Амди Бајрам во вечен мир ги испрати претседателите Глигоров и Трајковски, а во политичка пензија премиерите Црвенковски, Георгиевски, Бучковски, Костов и Груевски.

Сè уште е еден од најактивните пратеници во Собранието. Да ни е жив и здрав.