СЈО должи пари за струја, вода, телефони, кирија…

СЈО должи по две неплатени сметки за струја, вода, парно, интернет и за телефон, а некогашното Специјално долж и за кирија, бидејќи просториите во кои се сместени се земени под закуп од ЕВН.

Причина што некогаш богатата инстуција која располагаше со огромен буџет сега е на непопуларната листа на неплаќачи е што нема кој да потпише за трансфер на средства откако екс-ефицата Катица Јанева заврши зад решетки и беше разрешена од функцијата.

А пари има, пишува Фокус.
Засега на повидок нема реше
ние како да се исплатат платите и да се подмират трошоците, бидејќи само со закон овие надлежности на Јанева би можел да ги превзеде републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Вакви законски измени се предложени, но пратениците од ДУИ инсистирале овие измени да одат во пакет со Законот за јавното обвинителство, кој пак е блокиран поради несогласување на власта и опозицијата.

И вработените веќе два месеци не земале плата, поради што немаат ниту здравствено осигурување, пишува „Фокус“.

SHARE