СЈО не знае што да прави со “безобразниот” советник Тортевски

Специјалното јавно обвинителство е на мака по случајот “Пцуење на Тортевски” откако дел од обвинителите побарале да се разговара за влошениот имиџ на правосудната институцијата поради јавното однесување на адвокатот.

Извори во СЈО тврдат дека конечниот збор дали на Александар Тортевски ќе му биде врачен прекин на договорот како советник ќе го има специјалната обвинителка Катица Јанева која од утре треба да ја отвори темата со колегите обвинители.

Против бркањето на Тортевски се дел од обвинителите кои му се блиски пријатели но преовладуваат такви кои што мислат дека со задржување на адвокатот како советник дополнително ќе се наруши имиџот на институцијата која во своите редови има човек што користи навредливи и недолични зборови во јавност.

Тортевски знаел дека го снимаат но сепак продолжил со тешки пцости, велат изворите во СЈО кои немаат дилеми дека тој мора да си замине веднаш затоа што непотребно го вовлекол обвинителството во скандал.

Дел од нив велат дека уште во петокот откако беше објавено скандалозното видео во СЈО се очекувало Тортевски сам да си даде оставка од советничката функција но тоа не се случило.

Тортевски во април 2016 година објави дека се приклучува на тимот на Јанева како советник.

Советникот на СЈО Тортевски во срамна пресметка со демонстранти (ВИДЕО)

Фото академик.мк

SHARE

2 Коментари

  1. ВЕЌЕ СЕ Е ПОЗНАТО ВО ТОА СЈО. СЕГА ЗА УСПЕШНИОТ НАСТАП ЌЕ МУ ЈА СГОЛЕМАТ ПЛАТАТА/НАДОМЕСТОКОТ/. ЕТЕ ВИДОВТЕ КАКО ДОАЃА ЖИВОТОТ ЗА ТАКВИТЕ ВУЛГАРИСТИ, СО ТАКВИ КАДАРНИ ПРОДОЛЖУВААТ ДА ВЛАДЕАТ ШАРЕНИТЕ ,,РЕВОЛУЦИОНЕРИ,,.

Comments are closed.