Скандал: Директорка на УЈП поддржа кандидат за претседател

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска предизвика гневни реакции на социјалните мрежи откако вчера јавно го поддржа кандидатот на власта за претседател Стево Пендаровски.

Таа на својот фејсбук профил објавувајќи фотографија на која стои до него му даде јавна поддршка на Пендаровски со што го наруши принципот на неутралност на јавната администрација за време на избори.

Како прв човек на УЈП, институција која ги контролира парите на сите даночни обврзници таа не смее да поддржи ниту еден кандидат, сметаат дел од коментаторите на социјалните мрежи.

Лукаровска како функционер што има пристап до сите сметки на приватни лица и правни субјекти со поддршката за Пендаровски отвара дилема дали таа ќе биде објективна во спроведување на законот при мониторинг на финансиските извештаи и сметките на останатите кандидати за претседател.

Во историјата на ЕУ нема друг случај некој шеф на УЈП или друга слична институција да се вмеша во политичка изборна кампања.

SHARE

2 Коментари

  1. А што да се очекува од насилно донесени на власт? Етика? Морал?

Comments are closed.