Скандал на фудбалскиот меч Франција – Албанија во Париз (ВИДЕО)

Двоен спортски и дипломатски скандал се случи вечерва на стадионот Парк на принцовите во Париз каде што се игра квалификациски меч за ЕП 2020.

Скандалот започна кога наместо албанската химна домаќините ја интонираа химната на Андора.

Откако забележаа дека не се свири нивната химна албанските репрезентативци одбиле да го почнат натпреварот.

Тука започнал вториот дел од скандалот.

По првата грешка на домаќините следело извинување на разглас од водителот во кое повторно е направена грешка.

“Им се извинуваме на фудбалерите и на навивачите на Ерменија”, објавил официјалниот коментатор на што реагирале и фудбалерите и голем број навивачи на трибините.

SHARE