Скандал во ресорот на Царовска – дрогирани штитеници во дом за деца

Штитениците во Воспитно-поправниот дом (ВП Дом) „Тетово“, живеат дрогирани со седативи 24 часа на ден, алармира заменикот на Народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа, пренесува сдк.мк.

Иако најголемиот дел од 16 -те штитеници се деца, им се дава доза од пет до 20 милиграми од овие антидепресиви.

„Од увид во медицинските досиеја при посетата во јули, констатирано е дека сите деца од ВПД ‘Тетово’ примаат јака седативна терапија препишана од матичен лекар од Здравствен Дом Охрид или од специјалист доктор невропсихијатар, психијатар. Терапијата се состои во повеќекратни дози во текот на денот, (а особено во вечерните часови), при што им се препишани следниве лекарства за смирување: Дијазепам, Хелекс, Мендилекс, Депакине, Рисперидон и други, од 5 до 20 милиграми дневно, што со оглед на возраста на децата е многу силна доза“, стои во посебниот Извештај на Народниот правобранител по спроведената посета на Домот.

Министерката Царовска во повеќе наврати се фалеше дека во нејзиниот ресор се надминати проблемите особено со од државата згрижените деца.

Целата информација на линкот на сдк.мк

SHARE