Скандалозно: Владата почна сама да ја користи придавката „Северномакедонски“ (ФОТО)

Иако тврдеше дека тоа нема да се случува ниту во странските медиуми и институции македонската влада започна сама да ја користи придавката „северномакедонски“ во официјална употреба.

Во писмото што Министерот за економија, Крешник Бектеши го испратил до Енергетската заедница во Молдавија, во кое одбива да оди поради тоа што на истиот не е поканета Република Косово за прв пат во официјален документ на македонската влада се користи терминот северномакедонски.

Во писмото потпишано од шефот на кабинетот на Бектеши Исмаил Љума меѓу другото стои дека во 2018 година „Северномакедонското“ претседателство со регионалната енергетска асоцијација презела мерки.

За ваквата скандалозна реакција на министерството за економија досега не реагираше ниту премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев, министерот за надворешни работи Никола Димитров или министерството за надворешни работи кое издаде препораки како треба да се користат придавките во различни случаи.
Во ниту една од препораките не се сугерира користење на терминот северномакедонски но тоа не е пречка за членови на владата да зборуваат за северномакедонски институции.

Според официјалните македонски позиции на Владата македонскиот идентитет со преспанскиот договор е бетониран.

Освен што сега за прв пат самата влада користи придавка северномакедонски во два наврати за една недела македонија на два различни настани во ЕУ и НАТО беше прикажана со кодовите НОМ и НМ наместо со МК или МКД.

Битка на кодови: Заев и Димитров ја губат битката (ФОТО)

SHARE