Скандалозно: “Жените да бидат затворени дома за да не прават криминал” (ФОТО)

Режисерката и еден од главните борци против “теророт од извршителите” кон граѓаните Ана Глигорова открива скандалозна образовна програма со која децата се учат дека жените треба да седат дома за да не дојдат во ситуација да прават криминал.

“Според авторите на учебникот по Социологија за втора година гимназија, жената ако е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа ќе нема можност да направи кривично дело.

Проблематично е:

1) Зошто да биде жената затворена во домот? Затоа што е подредена под мажот, па тоа се подразбира?!
2) Ако е затворена (деструкција на квадрат) нема да прави кривични дела? На пример може да поттикне некого со зборови да направи крвично дело, баш затоа што е изолирана. Или, едноставно од насобран гнев да направи тешко злосторство.

Мамицата во чипка ваша, учите деца. Вие сте пример за креатори на заблуда, измама, дискриминација и низа други кривични дела со вакви објаснувања, и треба соодветно да бидете санкционирани, а овој учебник забранет. МОН се читаме ли?”, ги прашува Глигорова образовните власти и владата.