Скопје доби нова населба!?

Табла со името „Арбен Бајрами“ деновиве беше поставена во Долно Оризари – Скопје.

Како што пренесува порталот на албански јазик „Ина онлајн“, таблата била поставена по иницијатива на граѓаните.

„Вечерва беше инаугурирана населбата „Арбен Бајрами“, името на националниот херој кој беше подмолно убиен од македонската полиција во војната во 2001 година, пишува порталот.

Таблата е таму веќе неколку дена, а досега нема никаква реакција од Град Скопје и од надлежните.

SHARE