Скопје и денеска е меѓу најзагадените градови во светот и според просечна концентрација од 166 ПМ10 честички на кубен метар во 8 часот утрово се искачи на 3 тото место.

На прво место е градот Лахоре во Пакистан  со 316, а на второ е Делхи со 330 ПМ10 честички просечна концентрација на метар кубен.

Многу високи концентрации на ПМ10 честички утрово се регистрирани во речиси сите места каде се поставени мерни станици. Најаларамантно утрово е во Tетово каде концентрацијата на ПМ10 честичките е 181, по што следуваат Миладиновци-178, Куманово-168, Битола и Ѓорче Петров-114, Центар-112, што е повеќе од двојно од дозволените 50 микрограми на кубен метар.